Овој проект за мене претставува нешто многу повеќе од уреден простор, тоа е резултат на долгорочна посветеност, вложена енергија и искрена поврзаност со Охрид и со неговите луѓе. Реновираната експозитура е симбол на стабилност и напредок, но и на човечка блискост, нешто што е суштински дел од ДНК-та на Шпаркасе Банка. Како дел од реномирана австриска банкарска групација со повеќе од 200 години традиција и искуство, нашата мисија е да градиме трајни вредности, да вложуваме во заедницата и да останеме доследни на принципите на одговорно банкарство. Новата експозитура е токму таков пример, спој на европски стандарди и локална душа – вака го започнавме разговорот со Александра Јаневска, директорка на експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид.
Како институција со повеќе од 30.000 клиенти само во Охрид, ние не сме тука само како финансиски сервис, туку како партнер што ја слуша заедницата, ја препознава и ја разбира нејзината динамика и потреби. Верувам дека довербата се гради низ години заеднички предизвици, мали и големи успеси. Многу од нашите клиенти се со нас со децении, и токму затоа, новиот простор не е само за нивна удобност, туку и за да ја потврдиме нашата заложба дека Охрид е и ќе остане еден од најважните фокуси на Шпаркасе Банка. Лично, чувствувам голема гордост што овој проект го реализиравме токму тука, во мојот град. Секоја фаза од реновирањето ја доживував како нова страница во нашата заедничка приказна – приказна на соработка, доверба и визија за иднината, вели Јаневска.
Кога станува збор за стратегиското значење на експозитурата и нејзината улога во регионот, Јаневска посочува дека експозитурата во Охрид има клучно место во банкарската мрежа на Шпаркасе Банка.
Охрид не е само туристички и културен центар, тој е и економски мотор за целиот Југозападен Регион. Со околу 70.000 клиенти во овој дел од земјата, Шпаркасе Банка овде претставува финансиски стожер за илјадници домаќинства, претприемачи, мали, средни и големи бизниси. Нејзината улога не е само да обезбеди квалитетна банкарска услуга, туку да биде активен чинител во економскиот развој на регионот. Тоа го прави преку партнерства со бизниси, преку финансирање нови идеи, преку поддршка на иницијативи што значат живот за локалната економија. Во исто време, Банката претставува и финансиски столб, со над 40% од корпоративното кредитирање во регионот и кредитно портфолио над 40 милиони евра. „Но, најважно е што не се водиме само по бројки, туку по луѓе. Нашите клиенти знаат дека сме тука и во добри и во предизвикувачки времиња, и тоа е суштината на стабилноста што ја нудиме, потенцира Јаневска.
Во оваа експозитура се интегрирани современите трендови во банкарството, поттикнати од целта да се создаде простор што не само што ќе ги задоволува, туку и ќе ги надминува очекувањата на модерниот клиент.
Експозитурата е дизајнирана според највисоки стандарди, како во архитектонска така и во функционална и еколошка смисла.
Имаме зони за брз пристап до услуги, дигитални точки за самостојно банкарство, простории за приватни консултации, 24/7 АТМ зона и наскоро депозитна машина за уплата на дневен промет. Воведовме и дигитално потпишување документи преку ONEID, што значително го забрзува процесот. На сето тоа се надоврзува и човечкиот фактор, нашите колеги се тука да понудат комплетно разбирање и вистински финансиски совет. Посебен акцент ставивме и на енергетската ефикасност: carbon-free подови, wind-free системи за ладење и греење, и користење материјали што се во согласност со принципите на одржливост. Сето тоа не е само инвестиција во простор – туку инвестиција во иднината, во здрава животна средина и во заедница што заслужува современи решенија, истакнува Јаневска.
Банката е поврзана со локалната заедница преку разни аспекти, преку економијата, културата и општествената одговорност.
Нашата врска со заедницата е органска и многуслојна. Прво, горди сме што во процесот на реновирање беа вклучени повеќе од десет локални компании, од изведувачи до дизајнери и опремувачи. Со тоа покажавме дека инвестицијата не е само за Банката, туку за целиот екосистем на Охрид. Второ, во новата експозитура отворивме и простор за уметност, мала, но жива галерија за локални автори. Веќе планираме изложби, настани и соработки што ќе го поврзат финансискиот со културниот пулс на градот. Веруваме дека културата не треба да биде одвоена од секојдневниот живот, туку дел од него. Преку платформата Sparkasse Life реализираме и активности во полето на спортот, едукацијата и финансиската писменост. Работиме со млади, поддржуваме клубови, организираме работилници и настани што имаат директен ефект врз граѓаните, ни раскажа Јаневска.
За крај ја нагласивме улогата на тимот во оваа нова фаза, а зборувавме и за визијата за иднината на Шпаркасе Банка во Охрид.
Нашиот тим е двигателот зад секоја одлука, секој успех, секој клиент што повторно се враќа кај нас. Создадовме инспиративна и поддржувачка работна средина, затоа што само мотивиран тим може да обезбеди извонредна услуга. Колегите тука не се само банкарски службеници, тие се амбасадори на вредностите што ги живее Шпаркасе: доверба, партнерство, страст, агилност и извонредност. Визија ни е да продолжиме да растеме заедно со клиентите. Да бидеме банка што е дигитална, но секогаш достапна; иновативна, но и човечка. Новата експозитура е само првиот чекор во оваа насока. Како дел од австриска банкарска групација со повеќе од 200 години традиција, знаеме дека вистинската сила лежи во довербата и во долгорочните односи. Токму затоа, на сите охриѓани и клиенти од регионот им се заблагодаруваме за довербата и им порачуваме: остануваме ваши партнери. За секој чекор, и во стабилност, и во промени. Затоа што иднината е најдобро место кога ја градиме заедно, додаде Јаневска.
OhridNews/PR