Под насловот „ Кардиолог за здравјето на саканиот град“ во најновиот број на српската ревија  „ Илустрована политика“ , деновиве е објавено подолго интервју направено со градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески.

Во интервјуто, Бакрачески зборува за неговите визии за Охрид и за чекорите кои ќе ги презема локалната самоуправа во наредните години за развој на општината.

– Во нашата програма, чија цел е  да се спречи натамошната урбанизација и нарушувањето на сето она по  што овој град  со децении беше препознатлив во светски рамки е приоритет над приоритетите- стои во интервјуто на градоначалникот Бакрачески за „ Илустрована политика“ . 

OhridNews