Полни дваесет години поминаа од тримфот на Ајакс над Милан со 1-0 во финалето од Лигата на Шампиони одиграно во Виена. Ждрепката сакаше Ајакс повторно да допатува во Виена, но овој пат на гости кај Рапид, во третото квалификациско коло во Лигата на Шампиони.
На теренот во Виена, повторно истрча Франк де Бур, сега акуелен тренер на Ајакс, кој на тој меч го достигна врвот во својата професионална фудбалска кариера.
– Добро се сеќавам на мечот, на сиот набој но и сето возбудување да се игра во финалето на Лигата на шампиони. Да погодокот падна на левиот гол – низ смеа рече Франк де Бур.
Покрај Франк, во Ајаксовата експедиција во Виена се и неговиот брат Роналд Де Бур како и легендарната едница Едвин Ван Дер Сар. Кај обајцата надвалдуваат емоциите.
– Чувстото е прекрасно, се навраќаат емоциите и пријатните сеќавања. Неколку пати сме гостувале со холандската репрезентација во Виена, но доаѓањето овде со Ајакс е навистина посебно – рече поранешната едница на Ајакс и рекордерот по број на настапи во холандскиот дрес Едвин Ван Дер Сар.
И Роналд е воодушевен од можноста повторно да дојде на легендарниот Пратер во Виена.
– Ова не е мое прво доаѓање на Ернст Хапел во Виена, но сеако дека е секогаш пријатно да се биде овде на местото каде ја освоивме Лигата на Шампиони Беше навистина лудница по последниот судиски свиреж сите трчавме како избезумени низ теренот во желба заедно со своите колеги да го прославиме големиот успех- се сеќава Роналд де Бур.
Еден од архитектите на играта на теренот Франк Де Бур сега е ги влече конците од клупата, тогашниот спој на младост и искуство кој го имаше Ајакс , тешко дека некогаш ќе се повтори .
– Во тимот ги имавме ветераните од типот на Рајкард и Блинд, јас и брат ми бев во таа средна возраст со по 25 години, додека тинејџерот Клајверт го одлучи мечот. Таков микс во денешниот фудбал е практично невозможен. Единствниот ветеран во нашиот актуелен состав е резервниот голман – вели Франк Де Бур.
Едвин Ван Дер Сар, кој покрај со Ајакс титулата во Лигата на Шампиони ја освои и со Манчестер Јунајтед 2008 година во Москва,исто така смета дека не едноставно да се повтори успехот од 1995 година.
– Секако дека не е едноставно, тогаш можеше да имаш само 3 странци во тимот, додека сега тоа е изменато и може да имаш една комплетна екипа, само шампионите играа во Лигата на Шампиони, додека денес пример Шпанија може да има дури 5 преставника. Секако дека тимовите од Шпанија, Англија и Германија може да си дозволат да купуваат скапи засилувања, додека ние во Ајакс тоа го правиме преку младинскиот погон и академијата. Се надеваме дека ова ќе биде еден нов успешен почеток за нашиот тим. – потенцираше Ван дер Сар.
Талентот во ниту еден момент не е ставен под знак прашање но не секогаш е доволен фактор за да се стигне до посакуваната цела.
– Многу е тешко да се повтори тој успех сега, сега имаме исто така талентирана екипа во која имаме млади фудбалери со по 18, 19 години . Но за успех потребни се секако и искусни играчи кои ќе знаат да ги водат тие млади кон победа. Нас ни недостига тоа, затоа од моја гледна точка да се повтори тој успех е скоро невозможно. Имаме фудбалери кои имаат по 22,23 години и кога ќе одиграат една сезона, тогаш тие заминуваат во побогатите клубови во Европа. Неможеме да го спречиме тоа, но затоа пак тоа ни го отежнува патот до успехот – вели Роналд Де Бур.
Парите го вртат светот, не е ништо различно и во најважната споредна работа во светот, но традиционалниот клуб од Холандија има своја стратегија која ги води низ историјата.
– Ние не сме клуб кој купува фудбалери, ние сме клуб кој сака да произведува свои играчи, нормално кога нешто недостига мора да го дополниме но сумите кои се вртат во тимовите во Англија се нешто невозможно за нас како клуб тоа да си го дозволиме и да влеземе во една трка со нив – потенцираше Ван Дер Сар.
Последен таков пример е Афелај кој место во ПСВ Ајндховен заврши во премиерлигашот Стоук.
– Афелај го одбра Стоук пред ПСВ Ајндховен, тим кој ќе игра во Лигата на Шампиони. Сето тоа говори за желбата на играчите да заработат повеќе пари, но и да играат во Премиерлигата. Ние не можеме да го запреме тоа , на нас останува да работиме со младите категории, ние сме талентирана фудбалска земја и на национално ниво нема потреба да стравуваме , додека на клупско ниво успесите на меѓународен план се уште ќе изостануваат – истакна Роналд Де Бур,
Ако Франк остана да работи на теренот, секако како тренер, на Ван дер Сар и Роналд се уште им недостига фудбалот.
– Кога си блиску до теренот нормално дека ти недостига, но јас сум среќен бидјеќи можев да играм до мојата 40 година. Секако дека има и други работи во живот кои те прават среќен – завршува Ван дер Сар.
Роналд оди чекор понатаму.
– Секако дека ми недостига фудбалот, да бев фит и да немав проблеми со коленото ќе му кажев на брат ми, ако ти треба напаѓачот тука сум за тебе. Со моето искуство сигурно дека ќе бидам корисен. – низ смеа вели Роналд Де Бур.
Од Виена, Австрија : Мирко Постоловски