По повод одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, вчера во амфитеатарот на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид се оддржа предвањето на тема „Арабидопсис ракетна наука: Одгледување на растенија во Меѓународната вселенска станица“.
Предавањето го оддржа проф. д-р Братислав Станковиќ, кој даде увид во новите технологии, можностите за научни истражувања во вселената, вклучувајќи и презентација на резултати од експерименти спроведени на Меѓународната вселенска станица.
OhridNews: Што всушност претставува Светскиот ден на науката за мир и развој и колку Македонија е вклучена во тие активности по тој повод?
Б.С.: Светскиот ден на науката за мир и развој е иницијатива која е започната од УНЕСКО во 2001-ва година. Целта е да се одбележи ден во годината и на тој начин да се добложат резултатите од врвните научни истражувачки достигнувања до пошироката јавност. Затоа денес на УИНТ се обидов да донесам некои резултати од вселената и на оние кои беа присутни да им укажем како ги правевме тие експерименти и кои се резултатите, во една верзија која е прифатена за пошироката јавност. Убава е оваа иницијатива, која треба да ја популаризира науката да не биде нешто апстрактно.
OhridNews: На денешното предавање имавте презентација на резултатите од истражувањето на одгледување на растенија во услови на микро-гравитација. За кои растенија станува збор и што покажуваат анализите од овој експеримент?
Б.С.: Ова се дел од резултатите од моите долгогодишни истражувања во областа на вселенска биологија. До сега сме одгледувале различни растенија, како домати, соја, пченица, роза итн. Денеска раскажуваме само за два од тие експерименти, односно со едно растние кое се вика Arabidopsisthaliana. Тоа е всуштина обичен плевел, меѓутоа е модел систем за молекуларна генетика на растнијата. Се решивме да го користиме тоа растение бидејќи е малечко, брзо расте и знаеме како да ги контролираме условите за растење и можеме да спроведеме молекуларна, морфометриска и био-хемиска молекуларна анализа.
OhridNews: Дали гравитацијата е неопходна за раст и развој на растенијата и кои се бенефиции може да ги има човештвото од сите овие истражувања?
Б.С.: Гравијатацијата не е неопходна. Прво мораме да дадеме одговор на едно прашање, дали можеме да ги одлгедуваме растениајта во микро-гравитација. Одговорот е да, можеме и тоа не само една генерација, туку повеќе од исто семе. Така да, тоа е добро бидејќи на тој начин луѓето на своите следни мисии во вселената ќе можат да земат од тие семиња, односно да ги одгледуваат во услови на микро или намалена гравитација, какви што имаат некои планети.
OhridNews: Дали постои било каква разлика помеѓу растенијата одгледани на Земјата со тие во Меѓународната вселенска станица?
Б.С.: Воочивме некоја разлика, но таа емела и однесува на некои морфолошки особини кои не се есенцијални за добивање семе, плодови итн. Така да, иако постои разлика, тоа не спречува да одгледуваме растенија. Овие експерименти се пионерски, кои треба да бидат еден почеток за останатите истражувачи да земат и да видат зошто се јавуваат тие разлики и како истите би можеле да се елиминираат.
OhridNews: Кои слични експерименти ги имате правено како долгогодишен главен истражувач за експерименти на Спејс шатлот и на Меѓународната вселенска станица?
Б.С.: Тоа се различни видови на експерименти. Спејс шатлот овозможува две неделни микро-гравитација, однсоно да увидите некои краткотрајни заклучоци и процеси кои се одвиваат. Меѓународната вселенска станиц е вистинска орбитална лабораторија и таа овмозможува долгорочни системски истражувања. Сепак, просторот е лимитан и претставува привилеагија за да се прават тие експериметни. На Шатлот имавме два експериметни кои беа генетска модификација во микро-гравитација, дали може да се направи генетска модификација на организми. Друг експерименти беше во одно на одгледување рози. Испративме ружа и сакавме да видиме дали се менува метаболижмот на цвеќето и кои есенции и мириси излегуваат, односно каква разлика има помеѓу есенциите. Резултатите покажаа дека има разлики. Исто така, одгледавме соја и засадивме осум растенија. Од нив донесовме семе кое за прв е одгледано во микро-гравитација.
OhridNews: Колку сте задоволни од заинтересираноста кај студентите за ова предавање и во која насока треба да се движи науката, истражувањата, експериментите. Дали овој настан во иднина би прераснал во една традиција?
Б.С.: Задоволен сум, бидејќи ова е прв ваков настан на УИНТ. Се надевам дека ќе успееме како универзитет да се приближиме повеќе до гражамните на Охрид и охридскиот регион. Би сакал јавноста да биде запознаена со тоа што го правиме ние, науните истражувачи како професори на УИНТ. Ќе се обидеме низ слични настани да ја приближиме и популаризираме науката. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиција, односно дека повеќе млади луѓе би дошле на вакви и слични предавања. Потребно е да младите да се стиумилираат и понатака да се занимаваат со наука.
Братислав Станковиќ служи како Советник за наука и технологија на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов и како Проректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Тој работи како главен истражувач во Центарот за интелектуална сопственост и пренос на технологии. Докторирал на биолошки науки на Универзитетот во Небраска-Линколн, докторирал на правни науки на Универзитетот во Висконсин-Медисон, и магистрирал на Универзитетот во Нови Сад. Има повеќе од20-годишно искуство како научник, вклучувајќи го и петгодишното искуство како Главен научник во Центарот за вселенска автоматизација и роботика во Висконсин (WCSAR) при Универзитетот на Висконсин-Медисон основан од НАСА, каде работел како главен истражувач за експерименти на Спејс шатлот и на Меѓународната вселенска станица. Неговите истражувања биле финансирани од страна на Британскиот совет, Националната фондација за наука (NSF), НАСА (NASA), и Европската комисија (FP7проект).
О.Т.