Последните инциденти негативно ќе се одразат врз туризмот, предупредува Здружението за угостителство и туризам.

– Сите овие вести за инцидентите кои одекнаа и во странски медиуми негативно ќе се одразат врз доаѓањето на странските туристи. Треба итно да се подобри сликата дека Македонија е безбедна, атрактивна и сигурна туристичка дестинација, изјави вчера во Скопје Снежана Јовановска – Трајковска претседател на  Здружението во Стопанската комора на Македонија.

Според неа претстојната туристичка сезона во голема мера ќе зависи и од тоа како ќе се одвива политичката ситуација во Македонија.

OhridNews