Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, еден од двајцата германски финалисти
на годинешново финале од Лигата на шампионите, досега примила повеќе од
половина милиони барања за влезница за натпреварот против Баерн Минхен
што на 25-ти мај ќе се одигра на лондонскиот фудбалски храм „Вембли“,
обајви клубот во понеделникот.

Брусија Дортмунд, чиј стадиони инаку има капацитет од 80 илјади гледачи,
објави дека 502.567 навивачи се пријавиле преку интернет за влезници
пред крајниот рок во неделата.

„Тоа е апсолутно лудо“, објавија од клубот додавајќи дека жрепката ќе
реши кој ќе добие 24.042 влезници колку што на Борусија и’ се доделени
за мечот на 25-ти мај.

Двајцата финалисти на Лигата на шампионите допија 50 илјади влезници
натпреварот во Лондон, иако капацитетот на стадионот „Вембли“ изнесува
86 илјади гледачи.

Почетната цена е од 60 фунти, малку повеќе од 72 евра, а се качуваат и
до 330 фунти, околу 356 евра, за подобрите места што е претставуваше шок
за германските навивачи кои влезниците за првенствените натпревари во
Бундеслигата ги плаќаат во просек по 30 евра.

Борусија Дортмунд последен пат играше во финалето на Лигата на шампионите во 1997 година кога го победи Јувентус со 3:1.

“Макфакс“