Експерстки тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ споведува инвентаризацијата на пештерите во НП Галичица.

Инвентаризацијата е значајна алатка за утврдување на бројот на пештери во заштитеното подрачје Национален парк Галичица и нивните спелеолошки одлики, за евидентирање на видовите кои живеат во нив и нивната бројност. Преку инвентаризацијата се утврдува состојбата, зачуваноста и значењето на пештерските екосистеми. Главната цел на ова истражување е споделување научни факти со локалното население и со пошироката јавност за значењето на пештерските екосистеми и нивното зачувување, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.

OhridNews