Италијанскиот клачолигаш Лацио изгуби на гостувањето во Салзбург 4-1 и остана без полуфинален пласман во Лигата на Европа иако првиот меч го доби со 4-2. Австријците до билет за влез во ТОП 4 стигнаа со трите голови за четири минути.

– По водството едноставно запревме и за жал сега чувствувам горчина. Разликата меѓу нас и Салзбург е во тоа што од пет шутеви кон голот, тие постигнаа четири, а ние само еден. Ја научивме лекцијата. Салзбург заслужи понатамошен пласман, а разликата ја направија нашите грешки. – истакна тренерот на Лацио, Симоне Инзаги.

Честа на италијанците во полуфиналето на ЛШ и ЛЕ ќе ја брани Рома, која сензационално ја елиминираше Барселона. Ждрепката за полуфиналните пресметки во ЛШ односно ЛЕ е во 12 односно 13 часот. 

ЛЕ: Салзбург со неверојатен пресврт го елиминираше Лацио (видео)

OhridNews