
Традиционалната манифестација, која се одржува десетта година по ред, е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.











