Iphone произведен во 2007 се продава за $10 000 долари
11.08.12 00:05
Ако телефонот на еден колектор на производи од компанијата Епл се продаде за сума од $10 000 долари, сигурно сајтовите за аукција ќе бидат преплавени од првиот телефон на Епл односно оригиналниот Iphone.
Огласот за телефонот бил поставен на страната eBay, а во него продавачот објаснува дека телефонот не само што е во оригиналната кутија, туку оригинална е и пластичната обвивка на кутијата што значи дека таа никогаш не е отворена.
Телефонот бил купен во 2007 година во првата недела откако бил пуштен во продажба по цена од $600 долари.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











