“ИРИ“ : ВМРО – ДПМНЕ ужива најголема доверба кај граѓаните
14.01.09 10:30
Според најновата анкета на Американскиот републикански институт – ИРИ, владејачката ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 38 проценти од испитаниците, додека опозицискиот СДСМ доби девет проценти. Коалициониот партнер во власта – ДУИ доби 11 отсто доверба, за ДПА би гласале два процента од граѓаните, додека партијата на Имер Селмани, Нова демократија доби 3 отсто поддршка од испитаниците, покажува анкетата на ИРИ. За ДОМ и за НСДП се изјасниле по еден отсто од анкетираните, два процента од нив би гласале за други партии, додека процентот на неопределените е 18 отсто.
Најголем рејтинг и натаму има актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски со 31 процент, а втор на листата на политичари од доверба е Али Ахмети со осум проценти. Шефот на државата Бранко Црвенковски ужива рејтинг од седум проценти. Од досега најавуваните личности како можни идни кандидати за претседател на државата, за Љубе Бошкоски и Имер Селмани се изјасниле три проценти, а за Срѓан Керим два отсто од анкетираните.
Граѓаните и во оваа анкета повторно дадоа висока поддршка за членството на Македонија во ЕУ со 92 и во НАТО со 89 отсто.
Изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1549 издадени пла...
Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при к...
Програмата „Училишта без пластика” веќе стартуваше со садење на генерациските дрвца на првоодделенци и учениците од прва година во училиштата Првата година оваа програма беше спроведувана во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.