Ирина Шајк поставила на Фејсбук фотографија во бикини покрај базен со наслов „ми недостига лето“. Убавицата седела покрај базенот, а во позадината се забележувало морето и карпи. Не се знае дали фотографијата е направена неодамна или Ирина ја поставила само како потсетник на топлите денови кои ги исчекува.

Таа често престојува во егзотичните дестинации каде снима каталози и едиторијали за Викторија Сикрет, Интимсими и Спортс Илустрејтид. Девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо изјавила дека на модната сцена се враќаат девојки со облини и дека и е драго што е дел од тој тренд.