
Ирина Шајк ги поздравила сите кои ја следат на социјалните мрежи со фотографија во костум за капење. И тоа каков!
Убавата русинка позирала во едноделен костум со длабоко деколте, носејќи само малку шминка.
Во потписот на фотографијата стои „Спортс илустрејтед“, а Ирина веќе се фотографирала за традиционалното издание на познатото списание, па постојат назнаки дека повторно ќе соработува со нив.











