Ураганот Ирма ја разори Куба, откорнувајќи дрвја и кровови од куќи со брзина на ветрови од над 200 километри на час. Уништени се хотели во најпознатите летувалишта на островот, поради што беше предизвикана евакуација долж брегот па се до главниот град Хавана. Се наведува дека во многу области на Куба била исклучена електричната енергија и комуникациските врски биле во прекин.

Утрово Ирма го погоди јужниот брег на Флорида, каде седум милиони луѓе од околу 21 милион жители на таа американска сојузна држава биле повикани да се евакуираат. Ирма приближувајќи се до Флорида, ја засили својата моќ во категорија 4, со максимална брзина на ветрот од 209 километри на час, пренесува БибиСи. Први на удар се островите во јужниот дел на Флорида, а се очекува копното да биде погодено во наредните часови, предупреди гувернерот. Нивото на водата веќе се зголемува на брегот на американската држава, каде што се очекува огромна бура.

На Флорида, на 6,3 милиони луѓе или околу 30 отсто од населението во државата, им беше наредено да се евакуираат. Националниот центар за урагани издаде предупредување од опасноста од брановите во Флорида Кис – синџир на мали острови во јужниот дел на Флорида, како и во Тампа Беј и други крајбрежни области.

OhridNews
Макфакс