Селекторот на Ирската репрезентација до 19 години, Пол Долуин во Струга ја следеше репрезентацијата на Полска, нивни противник во квалификациите за ЕП. Ирска се наоѓа во група со Италија, Украина и Полска која е домаќин на квалификациите.


–    Доста корисна посета беше ова за мене во Македонија. Имав можност во живо да се уверам во јачината на полскиот тим. Се работи за една цврста и снажна екипа која доста добро се движи и дисциплинирано ги исполнува тактичките замисли. Ќе биде тешко да се пласираме на шамионатот, имаме тешка група, но ние имаме свои адути , сепак најважно во ваквите турнири е играчите да дојдат свежи и да не се повредени, моменталната инспираација на младите момци може да го реши победникот – смета Долин.

Долин смета дека сениорската репрезентација на Ирска која ќе игра со Македонија ја очекава “топол“ пречек во Скопје на 4 јуни. – Се надеваме дека ке извлечеме позитивен резултат. Ќе биде топло тогаш во Скопје, но победата ние е неопходна за да го продолжиме нашиот пат кон Полска и Украина. Го познавам стадионот во Скопје, бидејќи со тимот на Шелбурн во 2001 година игравме против Слога Ј во квалификациите од лигата на шампиони. – рече Долин.

М.П.