Репрезентацијата на Република Ирска е втората селекција која по баражот обезбеди пласман на Европското првенство во Франција 2016 година.


„Зелените“ во бараж двомечот ја елиминираа селекцијата на Босна и Херцеговина со вкупен резултат (3-1).

Ирците во реванш натпреварот со головите на Џонатан Волтерс славеа со 2-0 и не играа на „картата“ гол во гости откако првиот меч заврши без победник 1-1.


Претходно, пласман преку бараж мечевите обезбеди Унгарија елиминирајќи ја Норвешка.

Останатите два патници на ЕП во Франција ќе се дознаат од реванш натпреварите меѓу Данска – Шведска (1-2) и Словенија – Украина (0-2).

Мх.П.