Исак Дрогба потпиша договор со францускиот прволигаш Гингамп и тргна по стапките на својот татко Дидиер кој своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Пред 16 години Дидиер Дрогба од Ле Ман за 100 000 евра премина во Гингамп, а неговиот голгетерски инстикт го препозна Олимпик Марсеј кој после една сезона го ангажираше за 3.5 милиони евра. Толку се задржа и на Велодром и за 24 милиони фунти премина во тимот на Челси со кој ги освои сите можни титули во клупскиот фудбал.

Исак Дрогба кој има полни 17 години, очекувано, игра во офанзивната линија на теренот, а младинските категории ги има поминато на Стемфорд Бриџ во фудбалската академија на Челси.

Дидиер Дрогба не го криеше задоволството од трансферот на неговиот син посакувајќи му многу среќа, успех и здравје во новата средина.

OhridNews