Потресувачки вести за нова трагедија доаѓаат од островот. Нема ниту трага ниту глас од приватниот авион во кој патуваше најновото и најскапото засилување на Кардиф, Емилиано Сала.

Сала, синоќа со приватен авион во кој се наоѓал само еден пилот тргнал од Нант за Кардиф да и се приклучи на екипата, откако го официјалираше договорот со англискиот премиерлигаш. Но, тој не пристигнал во договореното време, а клубот објави загриженост поради новонастаната ситуација.

Француската полиција и фудбалскиот клуб Нант денеска утринава потврдија дека со авионот бил изгубен контакт над Канарските острови, а полицијата веднаш почнала со потрагата по авионот и покрај неповолните временски услови.

Премиер лигата сезонава се соочи со една трагедија, откако сопственикот на Лестер во хеликоптерска несреќа го загуби животот заедно со екипажот.

OhridNews