Во СВР Охрид, вчера, во 12.30 часот од страна на 35-годишен охриѓанец било пријавено дека од неговиот дом во непознат правец се оддалечила неговата сопруга 33-годишна сопруга од село Врбјани, гостиварско. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Од МВР информираат дека од страна на СВР Охрид поднесена е кривична пријава против 24-годишно лице од село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба”. Во периодот од 11.12.2018 до 20.12.2018 година на подрачје на Охрид, пријавениот, од три лица одзел торби, паричник и мобилен телефон, со што се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари.

OhridNews