Екипите на Јавна хигиена при ЈП “Охридски Комуналец” вчера ја реализираа најавената акција за расчистување на делот од црквата “Св.Богородица -Каменско” до “Горна Порта”. Покрај улиците и патеките, бил расчистуван и на шумскиот предел, кој се наоѓа во овој дел од градот.
 

-Заради несовесното однесување на граѓани, во шумскиот дел на овај потег, беа создадени мини депонии и беше расфрлан  секаков вид отпад и градежен шут. Не смееме да дозволиме во централното јадро на стариот дел од градот, каде што секојдневно има туристи, кои ги посетуваат културно историските знаменитости, да ги гледаат овие грди слики на депонии.-велат од Одделението за јавна хигиена, тие објаснуваат  дека оваа акцијата за чистење, била спроведена по претходен налог на Комуналната инспекција.

OhridNews