Уште една мапирана дива депонија е исчистена, овој пат во с.Љубаништа, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Во село Љубаништа расчистена дива депонија каде несовесни граѓани расфрлале непотребна покуќнина, зелен отпад и градежен шут. Подигнати се 12м3 отпад, додаваат од претпријатието.
Од јавното претпријатие постојано апелираат за соодветно депонирање на отпадот, а пред само неколку дена беше расчистена и дива депонија кај поранешната Касарна.
OhridNews