Дека потегот од „Кошишта“ и „Грашница“, преку западната страна на калето и патеката над „Лабино“ се зафрлени и полни со смет, говори оваа слика со која охриѓани кои рекреираат тука секојдневно се соочуваат.

Неодамна целокупното сивило на овој потег е дополнето со исечените дрва веднаш на женската плажа „Лабино“, за кои граѓаните бурно реагираат. За сликата да биде уште пострашна, се бројните шприцеви кои константно претставуваат опасност заминувачите.

Граѓаните  со заеднички став, дека надлежните под итно мора да излезат  во јавноста и да дадат логично објаснување за целата ситуација.

Оваа грда слика е последица на несовесно однесување на одредени граѓани кај кои апелите за зачувување на животната средина очигледно немаат големо влијание.

О.Т.