Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ во Дебрца доби уште едно специјално возило, благодарение на Зоран Сидлер, иселеник во Швајцарија со потекло од Ново Село, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски.
Тој истакна дека донацијата е значајна за заштитата и безбедноста во општината и претставува пример за солидарност и грижа за родниот крај.
Во мое име, на администрацијата и на Советот големо благодарам до Зоран и неговото семејство. Ваков пример заслужува почит, напиша Сиљаноски во објавата на Фејсбук.
OOhridNews













