По повод Христовото воскресение Велигден и оваа година социјалното друштво „Св.Наум Охридски“ од Мелбурн Австралија повторно пријатно ги изненади згрижените лица во Одделението за геријатрија при Општата болница во Охрид. Благодарение на хуманоста и донираните средства на нашите иселеници во Австралија згрижените во одделението вчера имаа можност да ја почувствуваат празничната атмосфера на велигденскиот ручек организиран за нив.
Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн Австралија, повеќе три децении ги помага немоќните и социјално загрозените граѓани во Охрид и одржува силни врски со родниот крај. Во 2014 година ова здружение обезбеди поголема донација за Геријатриското одделение во охридската болница.
OhridNews















