Исени ги отвори 24 Спортски синдикални игри и средби во Охрид: Синдикалниот дијалог и грижата за вработените се заедничка обврска
18.09.26 15:37
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во Охрид свечено ги отвори 24. Спортски синдикални игри и средби на Македонскиот полициски синдикат, истакнувајќи го значењето на спортот, колегијалноста и синдикалната солидарност за полициската професија.
На отворањето присуствуваа претседателот на Советот на европски полициски синдикати Масимо Денариер, претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и Македонскиот полициски синдикат, како и претставници на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција, синдикални претставници, спортисти и гости.
Во своето обраќање, заменик министерот Исени нагласи дека оваа манифестација, која се одржува по 24. пат, прераснала во традиција што ги поврзува колегите и создава можности за дружење, натпреварување и размена на искуства.
Нашата професија е специфична. Од полицискиот службеник секојдневно се очекуваат дисциплина, физичка и ментална подготвеност, одговорност и способност да се реагира во вистинскиот момент. Но, зад униформата секогаш стои човек, истакна Исени, посочувајќи дека ваквите средби им овозможуваат на колегите да се поврзат и надвор од секојдневните работни обврски.
Тој нагласи дека спортот и полициската професија споделуваат заеднички вредности – дисциплина, упорност, почитување на правилата, фер однос и доверба во тимот. Според него, значењето на синдикалните игри не се мери само преку спортските резултати и освоените медали, туку и преку пријателствата и солидарноста што се градат меѓу учесниците.
Посебен дел од обраќањето Исени посвети на положбата на вработените и соработката со синдикалните организации.
За Министерството за внатрешни работи синдикалниот дијалог е важен дел од градењето професионална и современа институција. Можеме да имаме модерна опрема, подобри објекти и нови технологии, но најважниот ресурс на Министерството секогаш ќе бидат луѓето, порача заменик министерот.
Тој додаде дека подобрувањето на условите за работа, почитувањето на правата на вработените и отворениот дијалог со синдикалните организации остануваат заедничка обврска.
Осврнувајќи се на меѓународниот карактер на манифестацијата, Исени истакна дека присуството на претставници на европските полициски синдикати претставува можност за размена на искуства и зацврстување на професионалните врски. Во таа насока, му се заблагодари на претседателот на Советот на европски полициски синдикати, Масимо Денариер, за присуството и поддршката, како и на Македонскиот полициски синдикат и на сите вклучени во организацијата.
На крајот од обраќањето, заменик-министерот Астрит Исени официјално ги прогласи 24. Спортски синдикални игри и средби за отворени и на учесниците им посака успешно натпреварување и пријатен престој во Охрид.
Во рамките на шестото коло од Втората македонска фудбалска лига, лидерот Охрид Лихнидос гостува кај второпласираниот Пелистер во големото дерби за врвот на табелата Наместо на стадионот „Петар Мило...
Во рамките на 5 коло од Првата македонска фудбалска лига (жени), на стадионот во Струга, екипата на Пелистер Про 2026 забележа минимална победа од 1:0 против АС Јунајтед Единствениот гол на натпрев...
Од 24 до 26 септември, Охрид ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“, турнир кој со право може да се нарече мини Балканско првенство, бидејќи на едно место ќе ги собере женските репрезентации на Мак...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.