Општина Охрид во соработка со Министертството за животна средина и просторно планирање, Европската Делегација во РСМ и ЕУ Инфо центарот во Скопје, од 16-22 септември 2019год. е вклучена во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, во рамки на која утре, 20 септември, ќе се одржи Велосипедско дефиле низ улиците на Охрид.

-Кај нас, а и во светот, се резервираат една или повеќе фреквентни сообраќајници за велосипедисти и пешаци. На тој начин се упатува порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот, а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина, велат организаторите на настанот.

Општина Охрид ги повикува сите граѓани на 20 септември од 10:30 до 12:00 часот да земат учество во одбележувањето на Денот без автомобили и да се приклучат на Велосипедското дефиле кое ќе започне со собирање на учесниците во 10.30 пред општинската зграда. Велосипедското дефиле ќе се одвива по улиците „Димитар Влахов“,„Кузман Јосифовски“ од пресекот со ул.„Димитар Влахов“ до пресекот со ул.„Партизанска“, ул.„Партизанска“ од пресекот со ул.„Кузман Јосифоски“до пресекот со ул.„Јане Сандански“ и дел од ул.„Јане Сандански“ од пресекот со ул.„Кеј Македонија“ од ул.,,Кеј Македонија“ преку мост ,,Билјанини извори“ до плажа ,,Амброзија“ и назад до ул.,,АСНОМ“ од ул.,,АСНОМ“ до ул.,,Булевар Туристичка “ од Булевар Туристичка “ по ул. ,,Димитар Влахов“ до Општина Охрид.

На крајот од дефилето следуваат награди за учесниците во настанот.