Со погодоците на Иско и Карим Бензема „кралевите“ со 2-0 го совладаа Депортиво Ла Коруња на „Сантијаго Бернабеу“.
Шпанскиот репрезентативец го отвори резултатот во 23-та минута додека францускиот интернационалец во 73-та го постави конечниот резултат.
Со 19-та победа сезонава „лос бланкос“ се одлепија на четири бодови пред Барселона, која има натпревар помалку.
Мх.П.