Европскиот вицепрвак Јувенутс ќе претрпи големи измени во екипата пред почетокот на следната сезона. Од тимот веќе замина Карлос Тевез, а пред истиот чин се наоѓаат Андреа Пирло, Артуро Видал и Пол Погба кој е трансфер мета на неколку клубови.

Четворицата фудбалери беа носители на играта и успехот минатата сезона, а Јувентус мора брзо да реагира и да донесе квалитетни фудбалери како нивни замени. Тренерот на „бјанко-нерите“ Масимилијано Алегри во своите редови ги посакува Иско од Реал Мадрид и Бразилецот Оскар од тимот на Челси.


Алегри во нив двајца гледа замени за креативноста на Пирло и Погба и борбеноста на Видал и Тевез. – Сакам фудбалери кои се инвентивни. Овие двајца никогаш неможат да им се здосадат на публиката поради нивниот начин на игра. Нам ни е потребно ново оружје и нова крв која ќе донесе баланс во екипата.

„Старата дама“ веќе ги официјализираше трансферите на Сами Кедира, Марио Манџукиќ и Дибала, но „десетката“ останува празна по заминување на Тевез.

Мх.П.