Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и сезоната која доаѓа ќе ги има на располагање Шпанецот, Иско и францускиот репрезентативец Рафаел Варан.


Иско лично сам одби трансфер во италијанскиот шампион Јувентус додека Зидан го пресече трансферот на Варан во Манчестер Јунајтед.

Јувентус во Иско гледаше идеално решение за Пол Погба кој премина во Манчестер Јунајтед, а Жозе Мурињо во Варан најде начин да ја пополни „дупката“ во екипата.

„Старата дама“ за Иско испратила понуда од 30 милиони евра додека „црвените ѓаволи“ не штеделе и за услугите на Варан доставиле 60 милиони евра.

OhridNews