Фудбалерот за врска во редовите на кралскиот клуб, Иско проговори за критиките упатени кон него и неговиот соиграч Хамес Родригез.
– Ова е тешка сезона за Реал Мадрид, а сигурно тврдам дека јас и Родригез не сме само криви за тоа. – рече Иско и додаде дека не се кае за реакцијата после излегувањето од игра на мечот со Лас Палмас. – Не сум ни прв, а нема бидам ниту последен играч кој реагирал вака на измена.
Шпанскиот репрезентативец отфрли заминување од Сантијаго Бернабеу и посочи оти е фокусиран само на Реал Мадрид. – Не планирам да заминам во Јувентус. Сакам да го одработам договорот со Реал Мадрид до крај.
Иско десеткратниот шампион на Европа го засили од Малага додека тренер на Реал Мадрид беше Карло Анчелоти.
OhridNews