Реализацијата на проектот „Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвиваа според планираната динамика и досега биле исконтактирани 19.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања,

Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопштуваат дека тимовите кои ги контактирале осигурениците во период од три месеци, наишле на позитивен прием.

-Иако од досегашните јавувања се чини дека осигурениците се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил, неколку осигуреници кои иако знаеле дека имаат болест, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. Сепак, по укажување од вработени од ФЗОМ, овие осигуреници се согласиле посовесно да се однесуваат кон своето здравје и да ги слушаат препораките на лекарите. Осигурениците поттикнати од нашите јавувања се интересираа и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се: остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување и бараа дополнителни информации за лекови на позитивната листа информираат од ФЗОМ.

Тимовите на Фондот кои ги контактирале осигурениците се составени од вработени од поголемите подрачни служби како што се: Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово. Тие се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста.

OhridNews