Откако грaѓаните преку OhridNews апелираа дека долж улицата „Македонски просветители“ во стогиот охридски центар тревата надминува половина метар, во текот на вчерашниот ден грдата слика ја снема.
грдата слика од пред неколку денови
Охриѓани кои претходно побараа од сопствениците на објектите пред чии дворови е обрасната тревата да преземат соодветни мерки, велат дека се задоволни со брзата реакција, бидејќи на овој потег секојдневно поминуваат голем број туристи.
О.Т.