Како се топи снегот така се’ повидливи се последиците од студениот бран кој го зафати регионот. Од тежината на снегот настрадаа голем број дрвја. 

Искршени дрвја и гранки има на сите страни. Настрадаа и голем број млади садници на булеварот „Туристичка“, „Димитар Влахов“…

Снегот ја зголеми опасноста од паѓање на ионака небезбедните дрвени бандери. Една таква виси над паркинг на „Туристичка“.

Граѓаните очекуваат кабелските оператори да ги санираат оштетените бандери, а надлежните служби да ги расчистат остатоците од искршените дрвја.

OhridNews