
Од СВР Охрид информираат дека не станува збор за кражба, туку за оштетување на инвентар во училиштето. Посочуваат дека во инцидентот кој се случил ноќта помеѓу четврток и петок, засега непознати сторители оштетитле пет врати и дел од санитаријата во училиштето.
Неодамна под нејасни околности бистата на Гоце Делчев беше симната од постаментот во близина на училиштето кое го носи неговото име, а веќе подолг период во образовната установа присутни се недоразбирања поврзани со изведување на настава на албански јазик за помала група ученици од Подгорци.
OhridNews











