Повеќе млади садници од дрворедот на „Партизанска“, но и на други локации се искршени деновиве.
Граѓаните се револтирани од неодговорниот и деструктивен однос на нецивилизирани поединци, отворено прашувајќи што се случува со луѓето?
Не е прв пат да бидеме сведоци на неодговорно однесување на поединци и групи кои предизвикуваат голема штета, но и револт кај граѓаните. Тие бараат одговорност и казни за ваквото однесување, без оглед дали сторителите се македонски државјани или странци, на што укажуваат очевидци на последниот немил настан.

Г.М.













