Фудбалскиот клуб Лабуништа го засили својот играчки ростер со искусниот фудбалер Благојче Коњарски. Битолчанецот се враќа во редовите на амбицизниот второлигаш, откако боите на клубот ги бранеше минатата есенска полусезона.

  • Задоволство ми е што после една година повторно сум дел од оваа прекрасна екипа. Се надевам дека јас со моите квалитети ќе помогнам во амбициите и следната сезона ќе бидеме дел од елитното фудбалско друштво. – изјави фудбалерот.

Коњарски тимот на Лабуништа го засили од Пелистер, а во минатото го носеше дресот на Младост Царев двор, Македонија ЃП, Напредок и Силекс. Тој е втор ангажман на Лабуништа, откако голманот Мугни Опре прв и пристапи на второпласираната екипа во Втората лига.

Тој утре ќе и се приклучи на екипата која во пеколен ритам се подготвува во Охрид. До почетокот на втората полусезона во Втората МФЛ-запад „црно белите“ ќе одиграат седум контролни средби.

OhridNews