Исплатени дел од тековните долгови на основните и средни училишта во Охрид информира градоначалникот Кирил Пецаков, додавајќи дека стабилноста на образовните установи е врвен приоритет.
Затоа во тесна соработка со секторите за образование и финансии само во месец декември за потребите на основните училишта трансфериравме вкупно 7 милиони и 900 илјади денари со што исплативме значителен дел од нивните тековни и заостанати обврски. За средните училишта во месец декември исплативме 3 милиони и 376 денари со што овие институции немаат тековни долгови, вели Пецаков.

OhridNews












