Она што се најавуваше последните месец дена во „белиот спорт“ се оствари, откако Новак Ѓоковиќ и Борис Бекер спогодбено ја прекинаа понатамошна соработка.


Прославениот германски тенисер, Бекер три години беше прв човек на стручниот штаб од Ѓоковиќ, кој во тој период ги забележа најдобрите успеси во својата кариера.

Ден после разделбата со српскиот тенисер, Германецот во поголемо интервју опиша што точно се случувало последните шест месеци.

– Последните шест месеци донесоа многу предизвици, но рацете нам како стручен штаб ни беа врзани, бидејќи неможевме да работиме она што сакаме. Ѓоковиќ не поминуваше доволно време на тренинзите и самиот е свесен за тоа. – изјави Бекер и додаде – Успех не може да се оствари со притискање на копче и појавување на турнирите. Во жестоко темпо, напорно да работиш, бидејќи и противниците истото го прават.


Бекер, ги отфрли шпекулациите дека падот на формата на Ѓоковиќ се личните, односно семејни проблеми. – Незнам ништо околу тоа, но мислам дека нема никакви проблеми. Сопругата на Новак е прекрасна жена која секогаш го подржува. Дека поминуваат малку време заедно, тоа стои, но таков е животот на спортистите.

Ѓоковиќ, со Бекер на чело од стручниот штаб освои вкупно 25 турнири, од кои 6 со предзнак Гренд слем турнир.

Новак Ѓоковиќ и Борис Бекер ја прекинаа соработката

OhridNews