Атрактивната Алена Середова ја отвори душата и се исповеда за разделбата со легендарниот италијански голман Џајнлујџи Буфон. 41-годишната Чехиња на една радио станица слушнала дека Буфон планира развод. Таквиот потег на голманот ја скршил многу и долго време и требало да се рехабилитира.
Како дознав дека ме остава? Слушнав на радио! За жал не последна, затоа што после мене слушнал и татко ми. Тоа што не те убива, те прави посилен. Станав подобра личност, не им дадов тежина на работите. Секогаш доаѓа личноста која ја заслужувате. Не сакав да очајувам, туку да продолжам понатаму. – изјави Середова.
Середова која работи како водителка на контактни емисии во Италија има две машки деца од бракот со Буфон, а моментално е во врска со Алесандро Наси. Буфон после кратко време од разводот забележан бил со Иларија Д`Амико.
OhridNews