Испратена пораката за мир и промоција на здрави животни навики во рамки на настанот „Штафетно нуркање за мир“, односно пливање под вода-нуркање на здив во должина од 25 метри, кој се одржа на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ организиран од Црвен крст Охрид во рамките на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026.

Во штафетното нуркање учество зедоа четиринаесет учесници кои ја изразија својата хуманост. Најмладиот учесник во настанот имаше 11 години, а најстариот 72 години.

Со „Штафетно нуркање за мир“ упативме симболична, но силна порака за мир, меѓусебна почит и толеранција, велат од Црвен крст Охрид.

Воедно, изразуваат благодарност до учесниците во настанот, како и до волонтерите и поддржувачите што придонесоа кон неговата успешна реализација.

OhridNews