По написот на OhridNews надлежните во охридската гимназија ја исправија децениската правописната грешка и на називот кој е поставен на зградата на гимназијата го испишаа целосното име „Св. Климент Охридски“. На називот му беше додадена скратеницата од зборот „Свети“ во пресрет на патрониот празник, кој гимназијата го прославува утре.

OhridNews ја актуелизираше тамата за името на гимназијата и во 2013 година. Тогашното раоводство на гимназијата најави дека ќе поведе иницијатива и ќе се консултира со локалната самоуправа со цел да се исправи направениот пропуст. И Завод и музеј Охрид, под чија заштита е објектот на гимназијата, тогаш ја поддржа иницијативата. Појаснија дека кога ќе се подготвува елаборат за ревалоризација на објектот, ќе може да се додадат буквите кои недостасуваат, но иницијативата треба да си ја поведе училишниот центар и локалната самоуправа.

Инаку според историсктие податоци, изградбата на охридската гимназија, започнала во 1908 година по фотографија од француска зграда во неокласицистички стил, а инвестирал Ејуп Сабри од Охрид. До 1944 година оваа зграда имала различна намена: турска управа, војничка касарна, општина, училиште со интернат и слично. По војната, гимназијата продолжува со нормална работа и за прв пат со настава на македонски јазик.

OhridNews