Еден 38-годишник кој работел во канцеларија во Балтимор, добил приговор за непримерно однесување напишан на пет страни. Во нив се изнесени и датумите и точното време кога на колегите со непријатниот мирис им ја отежнувал работата.

Службеникот во писмо е информиран дека неговата “неконтролирана надуеност“ прави “неподносливо“ и “непријателско“ окружување за неговите колеги, кои му се пожалиле на шефот.

Формалното писмо било последна опција, со оглед на тоа дека менаџментот веќе разговарал со него за тој проблем, но тој не ги почитувал нивните препораки.

Освен тоа, не донел ниту лекарска потврда која би укажувала дека не може да го контролира својот проблем. Поради тоа, на крај ја загубил работата.