Бубрежна трансплантација, Хемодијализата,  Акутната бубрежна слабост и Клиничка нефрологија ќр бидат дел од темите на 4-от Македонски Конгрес по Нефрологија со меѓународно учество, кој од 21-ви до 24-ти јуни ќе се одржува во хотел Метропол во Охрид.

На научниот собир кој го организира Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО), освен македонските специјалисти за бубрежни заболувања, свое учество на предавањата  ќе земат и познати лекарски експерти од Австрија, Германија, Италија, Турција, Франција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Белгија, Грција, Романија и Србија.

Според планираното, на Конгресот ќе бидат презентирани новостите од  клиничката пракса во нефрологијата и напредокот во дијагнозата и третманот, а посебен приоритет ќе се даде на проблемот со недоразвиената трансплантација на органи на Балканот.

-Трансплантацијата како универзално човеково право како најдобар третман кај пациенти со хронична бубрежна болест треба еднакво да се развива во целиот свет. Сепак, растечките проблеми од економската немаштија во земјите во развој, скромните инвестирања во здравствената нега, недостатокот на адекватна легислатива, јавна свест, едукација и мотивација за донација и трансплантација на органи може да се сметаат како додатни фактори за недоволно развиените програми за трансплантација. Би дискутирале и би се обиделе да ги прифатиме позитивните искуства на експертите од земјите кои се успешни во оваа област за доброто на нашите пациенти, велат од Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.

Четвртиот МЗНДТВО- конгрес е подржан од ERA – EDTA (European Renal Association-Eu-ropean Dialysis and Transplant Association). Покрај CME– курсот за „Подобра донација и трансплантација на органи – тековна медицинска пракса“, кој е предвиден за 23-ти Јуни, ќе бидат одржани и неколку тркалезни маси за многу важни теми во нефрологијата.

За сместување на учесницитен на Конгресот се погрижи туристичка агенција „Вис Пој“ од Охрид, која редовно се јавува како организатор на големите стручни собири и настани кои се случуваат во Охрид

OhridNews