Завршниот турнир во Евролигата сезонава ќе се одигра во Истанбул односно во Симах Ердем арената од 19 до 21 мај 2017 година.
Втор пат после 2010 година, Истанбул на едно место ќе ги собере најдобрите кошаркарски екипи од Европа кои ќе се борат за титулата.
– Кошарката во Турција е во голема експанзија, а ова ќе биде уште еден поттик за сите љубители на кошарката уште повеќе да вложуваат и работат за нејзиното добро. Еднаш бевме домаќини и сите имаа позитивни впечатоци, ќе направиме се што е во наша моќ да се покажиме и да ги задоволиме потребите на кошаркарите, екипите и навивачите. – рече Илкер Ајчи, првиот човек на „Туркиш Ејрлајнс“.
Иако се одбираат година за година, следните два града домаќини на Ф4 во Евролигата ќе бидат Белград и Москва.
OhridNews