Вечерва на полноќ истекува дополнителниот рок за поднесување кандидатури за советници и градоначалници, кој беше даден по постигнувањето на договорот меѓу власта и опозицијата за надминување на политичката криза.

Државната изборна комисија (ДИК) го адаптираше Роковникот за работа согласно продолжувањето на роковите за доставување кандидатури. Се очекува во недела да се изврши дополнителното жребување по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање. Како што претходно појаснија од ДИК, нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март на полноќ.

Комисијата за верификација на факти во сабота ќе работи во текот на целиот ден за да ги провери новите кандидатури и да се утврди дали некои од кандидатите за советници и за градоначалници биле соработници со трајните служби.

Изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 24 март започна во понеделникот.

OhridNews