
Повикот е наменет за граѓанските организации кои ќе предлижат иновативни проекти за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи. Со таа цел апликантите задолжително треба имаат партнер локална самоуправа или центар за регионален развој.
Пријавите треба да бидат пристигнати најдоцна до 17.00 часот, на 24 декември 2017 година на следната адреса: [email protected].
Јавниот повик се реаизира во рамките на проектот „Граѓански организаци во служба на локалната демократија„ кој се спроведува од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД).
OhridNews











