Во понеделник на 28-ми декември 2015 година истекува последниот рокот на Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон, кој пред околу една недела го објави општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди: првата награда изнесува 6.000 денари, втората награда е во износ од 4.000 денари и третата награда е во износ од 2.000 денари.
-Комисијата формирана од градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати. При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста, информираат од општината.
Резултатите и наградите за најубавите празнично украсени дворови, ќе бидат објавени по новогодишните празници.
OhridNews