Рокот за доставување на годишните сметки за 2015-та година истекува на крајот на овој месец.

Даночните обврзници треба да ја завршат својата обврска до 29-ти февруари, но доколку сметките се  поднесуваат по електронски пат, последниот рок е 15-ти март.

Согласно со Законот за трговски друштва, средните и големите правни лица се должни до Централниот регистар да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма.

За таа цел, Регистарот ќе работи и за викендот.

OhridNews