Утре истекува последниот рок за поднесување на барања за субвенционирање на дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, во согласност со Јавниот повик кој го објави општина Охрид.

Овие субвенции се доделуваат на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем и се во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој.

-Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање, велат од општина Охрид.

Висината на Субвенцијата ќе изнесува 50% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.07 – 31.12.2015 година.

OhridNews