
Даночниот обврзник кој остварува само приходи од плати или пензии, само приход од земјоделска дејност или само приходи од самостојна дејност не е должен да поднесува Годишна даночна пријава.
Сите даночни обврзници кои нема да поднесат Годишна даночна пријава во пропишаниот рок, ако пријават приходи во помал износ или воопшто не ги пријават приходите, ќе им биде изречена глоба во согласност со законската регулатива.
Годишната даночна пријава може да се поднесе лично до некоја од даночните канцеларии на УЈП или по електронски пат.
OhridNews











